До конечна одлука на судот е изречена времена мерка, што значи стопирање на сите дејствија кои произлегуваат од оспорената одлука, вклучувајќи ја и одлуката за распуштање на изборите на 5 јуни и сите преземени изборни дејствија реши предмалку Уставниот суд на Македонијаddf3b75ddf482844983b21b5381fa1b0

На седницата на Уставниот суд кој се одржува во моментов  претседателката  на судот, судиката Елена Гошева рече дека ќе направи преседан и  ја прифати иницијативата на ДУИ за преиспитување на законитоста на одлуката за распуштање на собранието.

Причина за тоа е вели, состојбата во државата и кризата за која сеуште нема разрешница.

Уставниот суд едногласно ја прифати иницијативата на ДУИ, која ја поднесе пратеникот Талат Џафери, со која се оспорува одлуката како против уставна одлуката за распуштање на Собранието

ГЕРИЛА: Шарената револуција ноќеска го обои Уставниот суд

Во врска со  ноќешното боење на влезот на судот Гошева  го прокоментира  како притисок врз Судот.u-s

– Влезот на судот е атакуван. Ова укажува дека некој сака Судот да не работи. Овој суд нема никогаш доживеано ваков притисок. , изјави Гошева.

 

Фото Плусинфо

Слични содржини