Граѓански активисти вчера протестираа во знак на пподдршка на  мигрантите  и лошиот третман против нив во Македонија. Тие тргнаа од пред Владата, преку Бит Пазар и се упатија до Прифатниот центар во Гази Баба каде јавно им  беа прочитани основните човекови права на миграните.rramadani-gb-685x320

Пораките кои ги упатија активистите беа прочитани на македонски и на арапски јазик.

Главниот проблем со кој се соочуваат миграните во Македонија се немањето на минимум граѓански,политички, социјални и економски права, меѓу кои се правото на живот, соодветно домување и итна медицинска помош, правото на слобода, социјална заштита, истакна Воислав Стојаноски од Хелсиншкиот комитет.  rramadani-gb2

– Знаеме дека спиете на под, дека немате топла вода. Ги знаеме неправдите со кои се соочувате. Кој и да излезе од вас има право да ја тужи државата во Стразбург. Ние сме народ и земја која во историјата имала бегалци, како Егејците и Косовците. Ние живееме со тоа чувство, дојдовме да им кажеме на овие луѓе дека им го разбираме јазикот и маката. Не бараме ништо посебно од властите, само да има измени во законите – истакна аналитичарот Рамадан Рамадани.

Стотици мигранти од Сирија и Авганистан секој ден поминуваат низ Македонија на пат кон Европските земји.

Слични содржини