Премиерот на Грција Алексис Ципрас утре ќе се обрати пред Европскиот парламент. “Ројтерс” цитира извор, според кого е можно утре Грција да го претстави својот предлог за нова спасувачка програма.

2110834852

Вонредната средба на врвот за иднината на Грција во еврозоната се одржува вечерва. Лидерите од еврозоната ја решаваат судбината на земјата и иднината на европската валута. Пред средбата, грчкиот премиер ќе се сретне со лидерите на Германија и Франција – Ангела Меркел и Франсоа Оланд.

Грција сепак не дала “конкретен предлог” на денешната средба на Еврогрупата претставена од финансиските министри на еврозоната, објави на страница на Твитер Малтешкиот премиер Џозеф Мускат, цитиран од Франс прес.

“Недостатокот на конкретен предлог од грчката Владата не помага на самитот на еврозоната вечерва”, напиша Мускат, непосредно пред почетокот на средбата на лидерите на зоната.
Долга ноќ за евролидерите
Претстои долга ноќ за лидерите во Еврозоната. Тие треба да одлучат дали ќе преземат нешто во врска со Грција кон излезот од европската валута. Клучни за одлуката се предлозите и отстапките за реформи, на кои Грција ќе каже “Да”.
Барањето на Ципрас за “кастрење” на долгот од над 320 милијарди евра за една третина во оваа фаза не изгледа како стабилна основа за преговори.

Најголемите кредитори – Германија и Франција, имаат тенденција на различни компромиси, за да се дојде до договор.

Додека Франција изјавува дека гледа основа за нови преговори и ќе стори сé за да ја задржи Грција во еврозоната, бидејќи ризикот при “грекзит” е многу поголем, Германија го заземе повеќе тврда позиција велејќи дека отпишувањето на долгот е неприфатливо и Грција треба да се усогласи со останатите 18 земји во еврозоната.

“Не ни е цел и немаме намера да ја извадиме Грција од еврозоната, работиме на тоа да постигнеме договор, но ако довербата не биде обновена, ако не видиме веродостоен пакет реформи, не ја исклучувам можноста Грција да се раздели со единствената валута”, коментира Валдис Домбровскис, заменик-претседател на ЕК.

“Притисокот е особено голем врз грчките граѓани, банките се затворени и ситуацијата е тешка. Претпоставувам дека грчката влада има интерес да дојде со сериозени инспирирачки предлог “, изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум.

“Неприфатливо е грчката Влада да ја вика Европската комисија терорист. Ние вложивме огромни напори и сега го очекуваме тоа и од спротивната страна. Претстојат уште средби и во текот на ноќта, ќе се обидеме да ги ограничиме политичките зборувања и да го слушаме гласот на грчкиот народ. Сакаме да сфатиме што точно ни рекоа грчките граѓани “, рече и претседателот на ЕК Жан-Колд Јункер.

Слични содржини