Греам: Близу е судир со Северна Кореја, да се повлечат нашите луѓе од Јужна Кореја

од desk4

Американскиот републикански сенатор Линдзи Греам денеска го повика Пентагон да почне со повлекување на семејствата на припадници на американската армија од Јужна Кореја, предупредувајќи дека се ближи судир со Северна Кореја.

– Лудост е да се испратат сопруги и деца во Јужна Кореја со оглед на провокациите од Северна Кореја. Сакам тие (Пентагон) да престанат со испраќање и мислам дека сега е време за почеток на повлекување на семејствата на американски војници од Јужна Кореја, изјави Греам кој е член на Комитет на Сенатот за вооружените сили на САД.

– Се приближуваме до воен судир бидејќи Северна Кореја оди кон технологија за интерконтинентални балистички ракети со нуклеарно оружје кое може да достигне до САД… Ни снемува време, изјави Греам за Си-Би-Ес.

Слични содржини