Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, премиерот Никола Груевски оствари средба и со потпретседателот на САД, Џо Бајден. На средбата, како што  се информира  од владини извори  се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

gruevski-bajden2

 

-Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економската соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, рече Груевски.

Груевски потенцираше дека и во иднина ќе продолжи соработката со САД, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и како што рече, нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нашата земја во иднина.

Слични содржини