Како што дознава локално.мк, вчерашната лидерска пропадна бидејќи Груевски одбивал странски мониториг врз работата на специјалната обвинителка Катица Јанева. Предлогот на маса го ставил евроамбасадорот Аиво Орав кој предвидувал странски фактори да вршат увид во предметите и да ги следат постапките на Јанева.

lideri-2

СДСМ за овој предлог инистирале странскиот мониторинг врз Јанева да биде уреден со закон, на што се спротисавиле од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. сепак и амбасадорите останале на ставот дека за тоа решение не е потребен закон бидејќи сето тоа може да се уреди “со добра волја” меѓу партиите, а да се реши на тој начин што МНР ќе испрати покани до странските мисии.

Слични содржини