Договорот за нуклеарното прашање нема да ја промени политиката на Иран кон “арогантната американско влада”, ниту поддршката на Иран кон “угнетените народи” во регионот. Тоа го изјави денеска високиот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи, пренесоа светските агенции цитирајќи Франс прес.

хамнеи

“Исламската Република Иран нема да престане да ги поддржува своите пријатели во регионот, угнетените народи на Палестина, Јемен, народите и владите на Сирија и Ирак, угнетените народ на Бахреин и борците на отпорот во Либан и Палестина”, рече Хамнеи.

Неговата порака беше дел од официјално слово по повод молитвата за муслиманскиот празник ајд ал Фитр, со кој се бележи крајот на Рамазан. Неговите зборови беа пречекани со традиционалните извици “Смрт на Америка” и “Смрт на Израел”.

“Без разлика дали договорот ќе биде одобрен преку соодветната законска процедура или не, иранските преговарачи заслужуваат пофалба”, рече уште високиот лидер. “Напорната работа” доведе до договорот од 14 јули, истакна тој. Во документот преостанува уште да се изјаснат Конгресот на САД и парламентот на Иран, потсетува АФП.

“Повторуваме постојано дека не поддржуваме никаков дијалог со САД во меѓународните, регионалните и билатералните прашања. Неколку пати – како во случајот со нуклеарниот проблем, преговараме со САД врз основа на своите интереси”, истакна Хамнеи и ги кажа повторно “црвените линии” поставени од неговата земја, кои ги разделуваат можностите за подобрување на односите со САД, прекинати во 1980 година

Врховниот лидер на Иран, кој ги предводи и вооружените сили на земјата, истакна дека Исламската република е решена да ја зачува својата воена моќ, “особено во атмосферата на закани, создадена од непријателите”. Војната не е пожелна “, но ако тоа сепак се случи, Иран ќе даде решителен отпор и ќе ја понижи Америка”, вети ајатолахот Хамнеи, цитиран од агенциите.

Слични содржини