Хан: Нема време за губење, потребно е итно формирање влада

од desk2
„Нема време за губење, потебно е итно формирање влада. Важно е новата влада да биде на широка основа“ – порача европскиот дипломат Јоханес Хан на завршната прес конференција по министерскиот состанок за енергетика.
На прашање на новинарите, дали  носи конкретен предлог за партиите и дали имале состаноци во Брисел пред да дојдат овде, тој рече:
„Немав претходно никакви состаноци, ова попладне сум тука да ги ислушам ставовите на  политичките лидери во земјата кои имаат постигнато многу од Пржинскиот договор. Изборите не се крај на процесот, сега следен чекор е формирање влада“ – рече Хан и додаде:
„Широко мнозинство, нема да давам никакви предлози  и оцва ќе им го повторам на колегите попладне, мора да се спроведат некакви активности. Колку е поголемо мнозинството во парламентот толку подобро, одговорноста е на политичарите“- изјави Хан.

Слични содржини