Последно е дека нема договор и дека  има волја да продолжат преговори по работните групи, роковите се пробиени, а  клучно е тоа што ги започна всушност преговорите -БОМБИТЕ! (Не)Објавувањето на бомбите или законското нивно елиминирање е пазарот за гласање на министрите, за обвинителите на Јанева, за функционирање на преодната влада и така со ред… Всушност еврокомесарот Јоханес Хан, веројатно рано изутрината пред разденување, конечно разбра, дури сега, дека е повторно на почеток.

fasada-pravda

А сега веројатно веќе ќе нема рокови, а тоа, пак, само по себе ќе значи дека и нема, односно има, квази договор кој ќе го диктира власта, опозицијата ќе трчка и ќе негодува, и на крајот не е ислучено пак  да влезе со нов сет на објавување на бомби. Меѓународната си се соочи со поразот и сега ќе се обидува да нагодува и менаџира.

резиден

Еврокомесарот Јоханес Хан замина разочаран од Скопје откако без успех завршија преговорите на четирите политички партии. Тие не постигнаа договор по ниту едно од отворените прашања. Партиите  во изјавите одглумија оптимизам, демек некои ставови се приближиле, всушност сè е сега уште подалеку и посилно да се биде против.

„Разочаран сум, ова беше лош ден,  но сè уште сум оптимист. Политичките лидери треба да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да покажат лидерство. Не може Европа да носи одлуки за македонските лидери“, рече Хан и ја напушти резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Тој  на крајот на маратонската средба предупреди и дека овој дебакл на преговорите може да се одрази на македонските евроинтеграции  со оглед дека за околу две недели се очекува објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и прашање е дали ќе има препорака за пристапни преговори со ЕУ. han_przino (1)

На преговорите во Пржино откако се собраа сите и заврши првиот серијал, резиденцијата прв ја напушти американскиоот амбасадор Џес Бејли.

Сега на ред е веќе водење политика, секој со своите бомби и мегафони,  ама без помош на странците. Ќе се мери кој колку ќе издржи. Начелно ќе има ладење со (С)Пржино , попусти за можеби собраниска процедура за изборниот законик, па и  тоа може да се влече со денови, евентуално доопремување на тимот на специјалната обвинителка, па ќе дојде на ред и  уставноста на законот, и веројатно сè така до усвојување на Законот за бомбите.

Груевски не даде изјава. Лидерот на СДСМ, Заев, рече дека сè може да се реши и за два часа ако се сака. Сепак веќе се знае – Бомбите се клучот! И  да, сега ќе се види кој колку знае, кој колку може и колку и што народот сака. Хан си отиде. Толку! Сега останува само Македонците се борат за својте…

Ад

Слични содржини