Претпладнево на социјалната мрежа Твитер еврокомесарот Јоханес Хан напиша: „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“.DDE88B48-DB9E-4D8D-B5E2-5D9F493C1556_w640_r1_s_cx0_cy0_cw99

Договорот и преговорите во Скопоје се заглавени. Беше за очекување  знаејќи што с еочекува од стартото на работата на специјаната обвинителка Јанева. чија работа се опструира со бројот на обвинителите и назначувањето министер за внатрешни работи од страна на опозицијата.

Хан  точно по еден месец доаѓа во Скопје, за, како што беше најавено, од Брисел да се обиде да ги спречи натамошните компликации во спроведувањето на договорите од Пржино за надминување на политичката криза во земјата. Претпладнево на социјалната мрежа Твитер и самиот напиша „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“.

Утре истекува рокот за избор на првите луѓе во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала по предлог на СДСМ и нивните заменици во тие министерства од ВМРО-ДПМНЕ.„Овие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите“, се наведува во протоколот од 15 јули., анализира RSE.

Компликациите, пак, до кои најмногу дојде поради законот за т.н. бомби и неизборот на целиот тим предложен од специјалната јавна обвинителка ги одложија изборните измени за кои партиските лидери на Хан на 18 септември му ветија дека ќе ги договорат до шести октомври. Од двата документа постигнати по долгочасовен престој на Хан во резиденцијата на Европската унија во Пржино во јуни и во јули всушност остануваат незатворени и други прашања за кои роковите се поминати. Имено, во нив се наведува дека откако СДСМ ќе се врати во Собранието што и го стори на први септември, ќе се формира анкетната парламентарна комисија основана со скандалот со прислушувањето и со нив ќе раководи опозицијата, нешто што сè уште не е договорено, иако се предвидува првиот извештај да го има веќе идниот месец.

Запнаа и разговорите за медиумите, од кои најмногу промени се очекуваше да се договорат за јавниот радиодифузер, па иако беше споменат рокот од 15 месецов, не се постигна компромис.

 

Но, ова не е единствената обврска за која партиите според рокот треба да се договорат до утре. Откако на седми месецов пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ Талат Џафери и Крсто Мукоски го поднесоа предлог законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали што новинарската фела го оцени како сериозна закана за воведување цензура. Тој беше повлечен, но со услов до 20 октомври да се договори ново законско решение, а во спротивно истиот без измени ќе бил повторно поднесен во собранието. Овој закон, заедно со тој за т.н. Свиркачи, треба утре заедно со новите министри да се гласаат во собранието, нешто што поради постојаните одложувања на роковите од договорите засега изгледа неизвесно.

Од она што останува исто така клучно од документите што ги потпишаа лидерите на четирите најголеми партии под силно менторство на Хан е и обврската актуелната Влада  и Никола Груевски да поднесат својата официјална оставка до Собранието пред нова година  за да се овозможи законска инаугурација на новата влада на 15 јануари 2016 година, односно сто дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година.

Слични содржини