Конечно картите се отворени и на маса. По осумчасовните преговори се е вратено како на почеток. Како лани кога и почнаа преговорите-Услови за избори , па избори! Еврокомесарот  Хан се обиде да го протне само датумот за избори , без пакетот за услови за избори кој е траљав и половичен. Не му успеа во овој прв обид. СДСМ се налути и прв ги напушти преговорите. Јасно е дека Заев не може да ги надгласа колаиционерите ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и плус ДПА. Тука гласањето кој за што е ЗА , а кој ПРОТИВ е јасно. Затоа и се преговара а не се гласа. Па потоа се редат изјавите. Прво Заев, кој и  прв го напушти долгиот преговарачки ден.

231946

 Неприфатливо одржување избори без прочистување на избирачкиот список и без регулација на Законот за медиуми.

СДСМ  нема да учествува на избори ако се закажани за 24 април, поради тоа што Избирачкиот список не е   прочистен и не се регулирани промените во медиумите.

– СДСМ продолжува да се залага за фер и демократски избори, повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден, вели Заев

Репликата на  Хан е дека државата ќе решава сама за тоа а тие ќе надгледуваат.

han_przino-1

„Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека Владата, политичката елита и Парламентот треба да обрнат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива. Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Ги уверив сите партии дека европските институции се тука да ѝ помогнат на земјата. Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори, ние ќе помогнеме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите“, рече Јоханес Хан кој навести дека повторно би ја посетил Македонија.

Тој не ја отфрли можноста за одржување на избори, истакнувајќи дека одлуката е на партиите, државата и на Парламентот.

Премиерот Никола Груевски вели дека Заев е единствениот кој не се држел до договорот од Пржино.

– Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен – истакна Груевски.

Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по 10 часовните преговори излезе со став дека иако не дошло до никаков договор, не сака да помисли на избори без опозицијата. Тој рече дека ќе преговараат се додека не дојдат до заеднички договор.

За денеска сите најавуваат широки партиски и општествени консултации ,потоа и прес конференции за да ги објават и објаснат своите позиции и следни чекори.

.

Слични содржини