Косовскиот министер за надворешни работи и заменик премиер Хашим Тачи се смета за главен виновник за неуспехот во обидот Косово да стане член на Унеско, посебно што на тоа го предупредиле и САД, објави приштинскиот весник „Газета Блиц“.

1343732551-hasim-taci

Повикувајќи се на неименувани странски извори, весникот смета дека Тачи всушност придонел за неуспехот во обидот што повеќе корист да извлече за себе.

Газета блиц известува, дека Тачи се обидел по секоја цена и без оглед на тоа што не добил сигнали од земјите пријатели на Косово, што повеќе да ги засили своите позиции во желба да обезбеди позиција за иден косовски претседател.

-„Иако немаше сигурни гласови, и без дозвола на земјите кои го подржуваат Косово, Тачи донесе длука да го пријави Косово за членство во Унеско.“

САД и неколку земји му препорачаа на Тачи дека не е вистински момент за тоа. Но, тој на тие препораки не обраќаше внимание и затоа Косово претрпе пораз“, изјавил неименуван извор и додал дека Тачи не бил фаворит на Косово за водење на таа акција.

Слични содржини