Македонските власти треба да обезбедат итен прекин на полициско насилство врз мигрантите на јужната граница на земјата со Грција, соопшти денеска „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

1115938_orig

Организацијата ги повика македонските властите да го испитаат вчерашното користење шок-бомби, солзавец и гумени куршуми, еден ден по прогласувањето вонредна состојба и затворањето на граница. Од ХРВ исто така бараат лицата кои се одговорни за незаконска прекумерна употреба на сила, вклучувајќи ги и оние со синџирот на командата одговорност, да сносат одговорност.

– Ова се многу сериозни обвинувања за прекумерна сила од страна на македонската полиција и пукање врз лица кои бараат заштита. Македонските власти треба да ги заштитат мигранти, вклучувајќи ги деца и сите оние кои бегаат од војна и прогон, а не да и дава зелено светло на полицијата да отвори оган на нив – вели Емина Черимовиќ, научен соработник во „Хјуман рајтс воч“.

Реакцијата на ХРВ доаѓа по извештаите, фотографиите и видеата на локалните хуманитарни организации, на Лекари без граници и на медиумите дека македонската полицијата испукала гумени куршуми, солзавец и шок-бомби врз 3.000 мигранти кои се обиделе од Грција да влезат во Македонија.

Претставниците на „Лекари без граници“ на ХРВ им соопштиле дека нивниот персонал укажал помош на 10 лица кои биле повредени од гранатите и од гумените куршуми.

ХРВ наведува дека портпаролот на МВР Иво Котевски им соопштил оти полицијата добила овластување да ја штитат границата и себе си „од напад“, но не коментирал дали постоело било каква форма на „напад“.

Од ХРВ велат дека Македонија треба да побара меѓународна помош за да се справи со зголемиот наплив на мигранти, а не да пука врз луѓето на кои им е потребна помош.

Од организацијата потсетуваат дека Македонија, согласно националното и меѓународното право има јасни обврски да преземе ефективни мерки за да се спречи полициското незаконско користење на сила и да ги изнесе пред лицето на правдата оние кои ги прекршиле овие закони.

– Правото на Македонија да ја заштити својата граница не и дава за право да не ги исполни своите обврски кон барачите на азил, ниту пак и дава право да ги игнорира правата на мигрантите. Владата мора да преземе мерки против прекумерната употреба на сила врз мигрантите и да обезбеди засолниште, храна, медицинска помош и посебна грижа за децата и за лицата од најранливите групи – вели Черимовиќ.

 

МЕТА

Слични содржини