Христијаните во Сирија формираа своја милиција за борба против џихадистите од Исламска држава (ИД) и за заштита на христијанската заедница во оваа блискоистична земја, зафатена со граѓанска војна.

Syrian-Christians-wait-for-the-crisis-to-end-0G1F9KOJ-x-large
Припадниците на оваа милиција веќе учествувале во една операција против џихадистите заедно со курдските борци во провинцијата Хасакех, во североисточна Сирија, напаѓајќи ги позициите на ИД.

Во заедничката операција, која била помогната до воздух,од авионите на анти ИД коалицијата, Курдите и христијанските борци успеале да ги протераат џихадистите од 22 села, меѓу градот Хасакех и турската граница, вклучувајќи ги и селата каде живеат припадниците на Асириската католичка црква.

Авионите на анти-џихадистичката коалиција извршиле 11 напади врз позициите, складиштата и утврдените позиции на ИД, но извештаи од теренот тврдат дека следниот ден, џихадистите извршиле силен против напад. При тоа се верува дека грабнале голем број жители на селата,главно жени,деца и стари луѓе, кои биле одведени кон планинистите делови од тој дел на Сирија и задржани како заложници.

Мнозинството од борците на христијанската милиција се припадници на Сирискиот воен совет (МФС) кратенка, што е направена, според зборовите на ова тело на арамејскиот јазик. Тоа е стар јазик кои го користела на почетокот христијанската црква.

МФС е формиран уште во 2013 година,кога џихадистите почнаа да доминираат во северните делови од Сирија и кога стана јасно дека ИД,која дотогаш беше на страната на сириската опозиција, во намерата да се собори претседателот Башар ал Асад, ја користи борбата за свои цели,за создавање исламистичка држава.

Христијанската милиција е сојузник на курдската група ЈПГ, најпозната милиција на сириските Курди кои одиграа главна улога во одбраната на Кобане и во протерувањето на џихадистите. ЈПГ е сојузник на анти ИД коалицијата, уште од време на борбите за и околу Кобане. Овие курдски борци им ги јавуваат своите и позициите на џихадистите на колаиционите сили,чии авиони потоа ги вршат бомбардирањата.

Официјална Анкара е против ваквиот сојуз на анти ИД коалицијата,во која формално е и Турција, затоа што ЈПГ одржува блиски врски со курдската ПКК која дејствува на турска територија и која од тамошните власти и од САД е прогласена за терористичка организација.

На Западот и во САД, на курдско-христијанската алијанса, на која им се приклучиле и отпаднички делови од т.н. Слободна сириска армија, се гледа како на надежна групација со која би можеле да соработуваат, во сириската граѓанска војна,која трае веќе четири години.

Западни експерти веруваат дека може да омекне и турскиот став кон ЈПГ,отако се разбра дека овие курдски борци и помагале на турската армија,во извлекувањето на нејзините војници од енклавата во која доскоро беше гробот на Сулејман Шах, дедото на основачот на Отоманската империја, султанот Осман Први.

Слични содржини