Хрватска ќе побара Грција да престане да праќа имигранти од Блискиот Исток кон остатокот на Европа. Ова го објави министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ, цитиран од “Ројтерс”.

430x286

“Протокот на имигранти од Грција треба да биде запрен. Ќе се обидам да го покренам прашањето на утрешната средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ “, изјави Остојиќ пред новинарите во бегалскиот камп во источниот граничен хрватски град Товарник, на границата со Србија.

“Апсолутно неприфатливо е Грција да ги празни своите бегалските кампови и да испраќа луѓе на Хрватска преку Македонија и Србија”, истакна Остојиќ.

Слични содржини