На заложбата на средношколците за укинување на математика како дел од државна матура се придружија и родителите од IV5 клас во гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово. Тие денеска упатија писмо на поддршка до Средношколскиот и Наставничкиот пленум, во кое образложуваат зошто се против воведувањето на предметот Математика како задолжителен предмет на државната матура.

„Ние сме родители на ученици кои се определиле за општествено хуманистичките науки. Тоа е пакетот кој нашите деца го одбраа. Овој пакет подразбира давање акцент на предметите филозофија, социологија, педагогија, психологија, етика… Не гледаме никаква смисла и издржана аргументација зошто овие деца би полагале математика кога поголемиот дел од образованието го посветиле на општествените науки, на читање, размислување, споредбено согледување и анализи во правец на себе изградување во општествената, хуманистичка сфера. Уште по поразителен е фактот што истите нема да имаат никаква корист од математиката во натамошниот нивен образовен процес, особено од аспект кога најголемиот дел од нив веќе го насочиле својот интерес за понатамошно образование“, пишува во писмото.

„Ние сме родители. Ние сакаме нашите деца да бидат здрави, среќни, исполнети со животна радост. Сакаме нашите деца да се образуваат, да учат и да научат, да создадат вредности со кои ќе придонесуваат, да израснат во личности кои со своите човечки, интелектуални капацитети ќе работат за постојано подобрување на сопствената држава.“ пишува во писмото од родителите.

Слични содржини