Има ли надеж за Бранџелина? Пит и Џоли на тајна средба

од Vladimir Zorba

Холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли, кои во моментов се во процес на развод, почнаа тајно да се среќаваат, пренесе Hollywood Life, повикувајќи се на списанието Life & Style.

Односите меѓу сопружниците почнаа да се подобруваат, откако Пит побара извинување од семејството. Нивни познаници раскажуваат за весникот дека Џоли гледа како се труди за Бред и не може да му одолее.

“Очигледно е дека Бред е уште вљубен во Анџелина и таа исто така го сака”, коментира изворот за весникот.

Според него децата на ѕвездите ништо не знаат. “Бред и Енџи не ги споделуваат односите, за да не им дадат лажни надежи”.

Весникот забележува уште дека Џоли планира да се пресели со децата поблиску до местото на Пит.

Во почетокот на мај пред GQ Бред Пит призна дека целосно се откажал од алкохолот. Во април беше соопштено дека нивните деца за првпат беа да престојуваат кај татка си по разделбата на нивните родители.

Документите за разводот ги поднесе Џоли во септември минатата година.

Слични содржини