“Индипендент”: Фараж ќе биде првиот британски политичар кој ќе се сретне со Трамп

од Vladimir Zorba

1478764493-afr

Лидерот на Британската партија на независноста (UKIP), Најџел Фарадж, најверојатно ќе биде првиот британски политичар кој ќе се сретне со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. Ова ќе се случи уште овој викенд или следната недела, кога Фараж ќе се упати кон САД, пишува “Индипендент”.

Веста за оваа извонредна средба ја открил еден од членовите на UKIP пред британските медиуми денеска. Тој рекол дека Фараж планирал патување до Барселона за оваа недела, по што смета да се упати и кон Њујорк.

Фараж е задоволен од шоокантниот избор на американските граѓани Трамп да стане претседател. Утрово, кога беа објавени резултатите, тој рече:

“Изразувам пофалбата кон Доналд Трамп за храброст, со кој се бореше за време на кампањата, и немам трпение да изградиме поблиски врски меѓу Велика Британија и САД. Сега веќе има претседател кој ја сака нашата земја и ги разбира вредностите кои сме изградиле по “Брекзит”.

Слични содржини