Иран тестираше балистичка ракета, растат тензиите со САД

од desk3

Иран соопшти дека успешно ја тестирале најновата балистичка ракета со среден дострел, и покрај критиките на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа светските медиуми.  Лансирањето на ракетата Корамшар, со домет од 2.000 километри, прикажано е на иранската државна телевизија јави ББС, додавајќи дека за сега не е познато кога ракетата е тестирана. 

И агенцијата Франс прес пренесе дека Иран успешно тестирал нова ракета во екот на тензиите меѓу замјата и САД.

Иранската револуционерна гарда во петокот ја претстави најновата балистичка ракета која може да  достигне повеќе цели на Блискиот исток, вклучувајќи го и Израел. Ракетата е претставена  за време на војната парада во Техеран, одржана по повод годишнината на ирачко – иранската војна, а истовремено иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека неговата држава ќе ги засили своите воени и балистички капацитети и покрај критиките од САД.

Критикуајќи го иранскиот нуклеарен договор, американскиот претседател Доналд Трамп наговести дека САД би можеле да го напуштат.

Иран и шест светски сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германиај) постигнаа договор во јули 2015 години со кој се ограничува иранскиот нуклеарен програм во замена за укинување на меѓународните санкции врз таа земја.

 

Слични содржини