Искрено: Крис Браун првпат кажува како ја истепал Ријана

од Vladimir Zorba

Крис Браун за првпат детално раскажа под какви околности посегнал по Ријана.

Инцидентот, по кој двајцата се разделија беше во 2009 година. Во 2012-та пејачката детално ја раскажа нејзината перспектива во шоуто на Опра Винфри.

Затоа пак Браун направи документарен филм “Welcome to My Life”, во кој открива детали за односите со Ријана.

Музичарот потврдува дека проблемите со неа почнаа откако признал дека имал сексуална афера со еден од колегите со кои работел во минатото. И оваа негова отвореност несомнено ги смешала односите меѓу нив.

“Таа ме мрази. Пробував секакви начини, за да се справам со ситуацијата, но таа воопшто не ми се доверуваше. Нашиот живот стана бескраен важен случај – вербална и физичка. Јас се уште ја сакам, но сакам да сум чесен – ние се боревме еден со друг. Таа ме тепаше мене, а јас неа. Стигнавме до онаа точка кога не останува ништо друго освен да прашаш: “Што правиме?”

Музичарот раскажува дека инцидентот се случил откако една вечер девојка со која имал врска, дошла да се поздрави со Ријана, која се  сомневала. Ова, сепак ја натерало барбадоската убавица да западне во хистерија, пишува OK Magazine.

“Ја гледав Ријана, а таа не престануваше да плаче и да вреска. Зборуваше дека ме мрази. Го фрли мојот телефон, почна да ме тепа. Се обидов да ја смирам, да ја убедам дека не е во право, но таа ме удри и јас ѝ одговорив. Ѝ ја скршив устата. Кога видов што сум направил јас бев во шок. “Јас ли го направив тоа?”, прашав.

Ријана ме плукна во лицето и тоа ме разлути уште повеќе. Потоа таа ги фрли клучевите од колата на улица и отиде да вика помош.

Конечно музичарот признава дека по овој инцидент се чувствувал како чудовиште. Сепак двајцата успеаја да ги продолжат односите малку подоцна, но потоа целосно се разделија.

Слични содржини