policijaibrzapomos
На 24.07.2016 година во 02.30 часот во Општа болница Куманово, А.Ш. (29) од Куманово пријавил дека околу 00.15 часот додека седел во ресторан на плоштад Маршал Тито со Р.З., биле физички нападнати од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и, Б.Н. Притоа бил удиран со безбол палки по глава и тело каде му нанеле видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници. По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот. На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.07.2016 година во 13.20 часот во Гостивар од заскитан куршум со повреди во пределот на ногата се здобил Ќ. М. (70) од с.ДолнаБањица, гостиварско, во момент кога вршел земјоделски работи во неговата нива. На Ќ.М. му била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 23.07.2016 година во 17.00 часот на ГП Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Е.Н. (47) од Скопје евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и 10 дена за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Истиот е лишен од слобода и во 17.15 часот, со Потврда за предавање на лице, предаден е на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 23.07.2016 година во 12.30 часот на ГП Долно Блаце, при пасошка контрола било констатирано дека лицето М.Б. (43) од Скопје евидира со мерка „Апси“. Истиот е лишен од слобода и во 13.30 часот, со Потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од ПС Чаир за понатамошна постапка.
На 23.07.2016 година во 18.00 часот на ГП Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека лицето М.Ш. (50) од Р.Србија евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“-соизвршителство. Истата е лишена од слобода и во 18.55 часот, со Потврда за предавање на лице, е предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 24.07.2016 година во 01.30 часот во Скопје на булевар „Гоце Делчев“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ , од страна на полициски службеници од ПС Центар лишен е од слобода К.К. (27) од Република Турција.
На 24.07.2016 година околу 02.00 часот на ГП Табановце, поради сомение за фалсификувана патна исправа, приведен е Т.О. (23) од Република Албанија. Во 03.30 часот истиот е донесен во ПС Куманово за понатамошна постапка

Слични содржини