Истражителите на Специјалното јавно обвинителство кои ги истражуваа приватните донаторски активности на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа од Охрид.

 Оваа информација за 24Вести ја потврдува висок функционер на партијата, а блиски извори на Обвинителството денеска информираат дека обвинителите и истражителите со себе носеле регистри од изјавите на оние сведоци што сепак се дале исказ.

Оттаму посочуваат дека анализата на донаторските активности од 2014 – та ќе продолжи и понатаму, a како во иднина ќе се спроведуваат Законите останува тајна.

Вмровскиот пратеник Љубен Арнаудов во телефонски разговор вели дека останува на истиот став, нема да ја прифати поканата за распит и ќе се брани со молчење. И тој и сопартијците се во исчекување на следните потези на СЈО и не сакаат да ги коментираат деталите.

Распитот на охридските донатори недела дена е и топ тема муабет меѓу охриѓани. Велат што и да донесе истрагата, тие се сигурни дека донациите од илјадници денари не може да  потекнуваат од луѓе кои земаат просечна или минимална македонска работничка плата.

Појавувањето на одредени сведоци на распитот во СВР отвора прашање дали набавените докази се доволни за истрагата и дали  останатите сведоци за исказ ќе мора да бидат приведувани со полициска придружба како што наложува законот.

Обвинителството претходно напомена дека веќе била нарушена тајноста на постапката, а кривичниот закон за непојавување на сведок на распит, предвидува присилно приведување или парична казна од 200 до 1200 евра во денарска противвредност.

.

Слични содржини