Иванов денеска на гости кај Ердоган, ќе го брифира до каде е “работата” со Ѓуленистите!?

од desk3

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во Турција на работна посета, на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија утрово од кабинетот на Иванов.

„Предвидено е претседателот Иванов во Истанбул да оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфор, Јавуз Султан Селим“, стои во соопштението.

download (3)

Посетата на Иванов на Турција доаѓа по неодамнешниот неуспешен обид за воен удар во земјата.

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски вчера потврди дека владата одржала седница во врска со барањето на Турција за откривање на „ѓуленисти“.

–Македонија единствено ги поддржува демократски избраните институции на Турција и во тој поглед ќе соработуваме со владата во Анкара во насока на помагање и на остварување на нивните цели, секако во рамките на нашето законодавство и во рамки на нашите интереси, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што одлучила македонската влада пред два дена по барањето на Турција за затворање на школи и на универзитети во Македонија, поврзани со свештеникот Фетулах Ѓулен.

Слични содржини