Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска во Брисел изјави дека тој и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов се “закачиле“ за минатото, по што Николиќ побарал објаснување зошто Македонија гласала за влез на Косово во УНЕСКО?

01-brisel-toma-nikol_620x0

Николиќ по заедничкиот разговор што ги имал како и Иванов со Доналд Туск и Јоханес Хан за бегалската криза, кажа дека Иванов му честитал што Србија ги отворила преговорите за членство во ЕУ.

-Почнавме да разговраме за иднината, па се зафативме за минатото и му укажав на македонскиот претседател дека не е добро што Македонија гласаше за влез на Косово во УНЕСКО, рече Николиќ.

Тогаш се “закачивме“ за цар Душан и прекинавме, бидејќи видовме дека може работата да оди многу далеку, изјави Николиќ, а пренесува “Блиц“.

Иванов, според српскиот претседател, возвратил дека не е добро и тоа што Србија има поставено табла на која пишува Поранешна југословенска република Македонија, на што му било возвратено со “тоа кажете го овде во Европската комисија, па нека го променат“.

-Затоа не се лутете на нас, тука поминуваат Европјани и треба да знаат во која држава сега влегуваат. Тогаш се “фативме“ за Цар Душан и прекинавме, видовме дека работата отиде предалеку, наведе српскиот претстедател.
На прашање на македонските новинари дали тоа значи дека Србија ќе го повлече признавањето на Македонија под нејзиното уставно име, Николиќ возврати дека “тоа не значи“.

-Србија во 1998 година го прифати името Македонија, потоа Македонија ја призна независноста на Косово, Србија не реагираше негативно, потоа Македонија гласаше за влез на Косово во УНЕСКО, Србија не реагираше негативно, зошто сега би реагирала, одговори Николиќ.

Слични содржини