Под притисок на јавноста и медиумите конечно Владата в понеделник ќе ги разгледува законските измени за Законот за азил, со кој се предлага сите мигранти да имаат 72 часа да одлучат дали ќе побараат азил во земјава или ќе ја напуштат. Од исходот на седницата зависи дали премиерот Никола Груевски ќе стави потпис со дознака Итно, или тие измени ќе му бидат доставени на парламентот следниот ден за да се процесуира во редовна постапка.

migranti-makedonija-albanska-mafija-01

Последните информации од Грција се дека за скоро време се очекува да има голема навалица на мигранти на нашата јужна граница., a оваа закоснко решенија планирано од поодман може значително да им ги ускрати маките и на мигрантите и на државата

Во најновите законски измени кои се очекуваат во Собранието најрано во вторник, се предлага на странецот на граничен премин или во внатрешноста на територијата на Република Македонија пред полициски службеник на Министерството за внатрешни работи да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање на право на азил и да биде упатен во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил пред овластено службено лице на Одделението за азил во просториите на Прифатниот центар за баратели на азил.

Ако  се одобри оваа измена, МВР ќе треба да ги измени своите подзаконски акти за работа, па ќе треба да се испечатат барања,и  известат  и опренат сите засегнати служби.

Слични содржини