Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска преку Фејсбук, за прв пат реагираше на она што го презентира лидерот на СДСМ Зоран Заев  прес конференција, на која беа емитувани нејзини разговори со министерот за финансии Зоран Ставрески.
јан

На својот Фејсбук профил, Јанкуловска пренесе изјава на Ставрески од неговата прес конференцијата одржана по прес конференцијата на Заев. Ова е нејзиниот коментар:

„ Ставрески го замолкна Заев: Со министрите и Премиерот некогаш имаме различни мислења но секогаш го избираме најдоброто за граѓаните“.

Јанкуловска, меѓутоа не напиша дали објавените разговори се автентични, ниту пак демантираше , но самиот коментар како и тие под нејзиниот пост говорат доволно

Слични содржини