Јужна Кореја создава единица за ликвидирање на Ким Јонг Ун

од desk4

Јужна Кореја создава специјална единица за ликвидирање на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, пишува United Press International.

Во буџетот за одбрана за следната година раководството на земјата одвои пари за трошоците за неговото убиство.

Планирани се 340 милиони вони (310.000 долари) кои ќе бидат искористени за обука и опремување на единица од 3.000 лица, чија цел ќе биде да го ликвидира севернокорејското раководство.

Се претпоставува дека Единицата ќе биде тренирана по програмата на американскиот одред SEAL Team Six, кој во 2011 година го уби лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен.

Претходно севернокорејските власти соопштија дека војната на Корејскиот полуостров е неизбежна.

Од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја пресметаа дека воените вежби на САД и Јужна Кореја, како и барањата на претставниците од Вашингтон се сведоштво за подготовката на удар на земјата. Во Пјонгјанг забележуваат дека не сакаат војна, но нема да се кријат од неа.

Слични содржини