Пред една година Украина го доживеа својот револуционерен Мајдан и промената на власта. Руските медиуми во тоа време зборуваа за фашистички преврат истрав. Така и ја подготвија почвата за денешната војна во источна Украина.

0,,18182715_303,00

“Во Украина ситуацијата е таква што можеме да зборуваме за крај на државноста”, изјави водителот Дмитриј Киселов, посочувајќи со палецот надолу. Со овој гест сакаше да покаже дека Украина е проколната. Со овие кадри започна емисијата “Вести од неделата” на руската државна телевизија емитувана на 23 февруари 2014 година. “Кога една држава не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните, таа практично не постои”, изјави уште Киселов со саркастична насмевка на лицето.

Ѕвездата на руското пропагандно новинарство го објави и тоа дека Украина практично се наоѓа во состојба на граѓанска војна и предвиде: “Таму ќе се лее уште доста крв”. Од денешна гледна точка, тој очигледно беше во право. Војната меѓу украинската армија и сепаратистите во источна Украина веќе ги однесе животите на илјадници луѓе. Оваа војна сепак не започна низ источно-украинските степи, туку во главите на луѓето.

Руските телевизиски “очила” за источно-украинците

Пред една година, на крајот на февруари, прозападните активисти на Мајдан ја прославија својата победа. За четири дена беше решена судбината и на прорускиот претседател Виктор Јанукович. По неколкумесечните протести на 18 февруари насилството во Киев ескалира. Во уличните судири со полицијата загинаа десетици активисти. И до денес, сепак не се разјаснети точните околности околу судирите.

На 21 февруари министрите за надворешни работи на три европски држави успеаја да договорат договор меѓу опозицијата и претседателот Јанукович. Уште истата ноќ, сепак, Јанукович избега од Украина, а подоцна се појави во Русија. Во февруари 2014 година насекаде во Украина луѓето можеа да гледаат руска телевизија. Според анкетите, руската телевизија во тоа време била најважниот извор на информации за луѓето во источна Украина.

0,,18141340_401,00
“Руските медиуми почнаа да зборуваат за поделба на Украина многу пред настаните од Мајдан и битките во источна Украина”, вели директорката на киевската невладина организација “Телевизиска критика” Дијана Дуцјук. Во Украина долго време пропуштаа да го забележат овој факт. Многу источно-украинци гледаа на февруарската револуција со “телевизиските очила” на државната руска телевизија. Настаните биле преврат организиран од Западот и спроведен од украинските ултранационалисти.

“Проруските медиуми во Украина и руските медиуми покажаа отровно влијание над земјата”, вели Андреас Умланд – експерт на Институтот за евроатланска соработка во Киев. “Оваа реторика меѓу другото ги создаде и предусловите за јавната поддршка на сепаратизмот во Крим и во регионот на Донецк”, дополнува Умланд. Социологот Володимир Кипен, кој живее во Киев,го потврдува ова мислење: “Влијанието на руските медиуми во источна Украина создаде атмосфера на позитивен однос кон руската инвазија во регионот”, вели тој.

Мешавина од факти и измислици

Во информациите за Украина руските новинари често мешаа фикција и реалност. Во една епизода Дмитриј Киселов пример рече дека новата власт во Киев требало да ја забрани употребата на рускиот јазик. Тоа беше чиста лага. Демек уште дека украинските десничарски екстремисти ги загрозуваат животите на источно-украинците. Но, факт е дека во Украина немаше никакви “кривични операции” на десничарски екстремисти,какви тшто им требаа руските медиуми во тоа време.

Андреас Умланд ги обвинува овие медиуми за погрешно претставување на реалноста. Во протестите на Мајдан всушност учествуваа и десничарско-екстремистичка групација како “Десен сектор” но нивното значење беше “бескрајно претерување”, тврди тој. Доказ за тоа е дека украинските националисти победија со минимален број гласови на предвремените претседателски и парламентарни избори во земјата.

70% сметаат дека во Киев бил извршен пуч

Сеењето на недоверба очигледно најде плодна почва во источна Украина. Речиси три четвртини од населението во регионот на Донецк / 70% / сметаат дека промената на власта во Киев во април 2014 година беше организиран државен удар. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот институт за социолошки истражувања во Киев. А во регионот на Луганск 61 проценти од населението го делат истото мислење. Речиси секој петти жител на регионот бил подготвен да ги поздрави руските војници.

0,,18080238_401,00

Новата украинска влада постепено ја сфати опасноста и на крајот на март 2014 година судот во Киев го забрани емитувањето на четири руски телевизиски канали во Украина. Многу други продолжија со емитување . Дури во септември 2014 година, Советот за медиумски надзор во Киев го забрани емитувањето на вкупно 15 руски телевизиски канали. Дијана Дуцјук обрнува внимание на една дилема. “Се обидуваме да бидеме демократи, но сме исправени пред тежок избор меѓу слободата на мислењата и информациската безбедност”, вели таа. Таа ја смета за правилна забраната на руските телевизии. “Тоа не се средства за јавно информирање, туку пропагандни канали”. Таа смета дека Киев реагирал на руската пропаганда предоцна.

Проруските сепаратисти сепак последователно ги исклучиле украинските телевизиски предаватели и повторно ги приклучија руските канали. “Кога сепартистите ги презедоа и последните телевизиски кули ми стана јасно дека информациското влијание на Украина во регионот води кон нула”, вели социологот Володимир Кипен. “Тогаш сфатив дека Украина ја изгуби војната за умовите на луѓето во источна Украина”, вели тој.

Слични содржини