Калифорнија брои жртви по лизгањето на земјиштето

од Vladimir Zorba

Најмалку осум луѓе се уште не се знаат каде се по лизгањето на земјиштето што ја погоди Калифорнија и уби најмалку 17 лица, соопшти АП. Властите соопштија дека бројот на лица кои се бараат  постојано се менува  а бројот на загинатите остана непроменет.


– Во потрага сме по 43 луѓе … Овој број постојано се менува, изјави шерифот Бил Браун од Санта Барбара.

Досега, потврдена е смртта на 17 лица. Поплавите во југозападната американска држава уништија многу куќи и го  прекинаа сообраќајот. 

Природната катастрофа беше предизвикана од обилните дождови во понеделникот и вторникот во областите уништени од големиот пожар во Калифорнија минатиот месец.

Слични содржини