Ќе има ли мандатар до посетата на Хан?

од Vladimir Zorba

Поделени се проценките дали партиите со обезбедено мнозинство ќе го дочекаат еврокомесарот Јоханес Хан кој во четврток пристигнува во Скопје, или ќе чекаат на негови евентуални сугестии, констатира DW

Доколку ефикасно и искрено течат внатрепартиските консултации и меѓупартиски разговори, постои умерен оптимизам дека „наскоро“ би можел да биде постигнат договор меѓу СДСМ и други партии на Албанците вклучени во разговори за обезбедување мнозинство за состав на нова влада, велат извори од партиите учеснички во разговорите.

Сепак, не се исклучува можноста „ако нешто запне“, без одлука да го дочекаат еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој во четврток пристигнува во Скопје.

Неговата посета не е поврзана со разговорите за формирање влада, бидејќи тој доаѓа на состанокот посветен на енергетиката во рамките на процесот „Шест западнобалкански држави“, на кој ќе учествуваат министри за надворешни работи и за енергетика и економија. Сепак, на маргините на состанокот се очекува комесарот Хан да има билатерални средби со партиските раководства, а не е исклучено и средба со шефот на државата.Mazedonien Krisengespräch in Skopje (MIA)

Ќе има ли мандатар до посетата на Хан или ќе се чека евентуално неговите сугестии да бидат импулс за придвижување на процесот? Од партиите јавно „не сакаат да прејудицираат“, но неофицијално, имаат речиси идентични ставови: сите пријателски сугестии се добредојдени, но процесот кој е започнат зависи, пред сѐ, од волјата, зрелоста и посветеноста на домашните актери за изнаоѓање брзо и квалитетно решение за излез од кризата.

 

На тој план засега има интензивни разговори. Во СДСМ и ДУИ од синоќа течат внатрепартиски консултации, по вчерашната прва средба на двата партиски тима, на која разговарале за „принципиелните позиции“ од кои треба да настапат по одлуката на Иванов да го додели мандатот на партиите кои ќе декларираат дека имаат мнозинство од 61 пратеник.

./…

Додека течат средбите меѓу ДУИ и СДСМ, во разговорите се вклучуваат и други партии на Албанците кои добија пратенички мандати. Како што објавија дел од медиумите, Шекеринска вчера се сретнала и со претставници на Движењето „Беса“.

повеќе тука

Слични содржини