Ќе има ли обвинение за Груевски?

од desk3

Груевски, Божиновски и Протоѓер тактички не се одзвале на поканите знаејќи дека така нема да може  да се покрене обвинение за случајот „Талир“. Од СЈО им порачуваат дека истрагата продолжува и дека за нивните игри ќе се најде чаре. Но ако Груевски привремено се спасува од „Талир“, таква среќа нема неговиот братучед со „Таргет“. Мијалков оваа недела ќе биде обвинет за масовното  прислушување.

Оваа недела  истекуваат последните пет дена за покренувањето обвиненија од страна  на Специјалното  јавно  обвинителство. Дојче Веле од извори во одбраната тврди дека е можно да нема обвинение за случајот „Талир“ кој го опфаќа нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Извори во Специјалното јавно обвинителство за НОВАТВ  тврдат дека тоа е така затоа што Никола Груевски, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер не се  одзивале на поканите во обвинителството знаејќи дека поради тоа нема да може да се достави обвиниение доколку немало испрашување за главните осомничени.

„Истрагата ќе продолжи, на толку докази немаме намера да сопреме. Тие  не доаѓаа намерно и тоа е добра тактика затоа што нивната одбрана знае дека со недоаѓање на главните осомничени не  може да се покрене обвинение  поради процесни процедури“, велат за  НОВАТВ извори во СЈО.

Доколку беше променет Државниот јавниот обвинител навреме, тогаш за Специјалното јавно обвинителство ќе имаше веднаш отворени опции. На пример, ќе го предадевме предметот таму и обвинителот ќе можеше да одлучи да покрене обвиниение и да го назначи обвинителот од СЈО и на тој предмет, без разлика што надлежноста е на Републичкото обвинителство во таков процес. Тој мандат го има Државниот јавен обвинител. Но,  Зврлевски е се уште далеку од сменет. Сепак, и кога ќе се смени, ова ќе може да се случи. Освен тоа ќе има истрага и за 2016 година за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, година којашто што уште не сме стигнале дај ја покриеме, велат извори во СЈО додавајќи дека Груевски, Протуѓер и Божиновски немаат толку широки опции за спас.

А самиот Груевски го чекаат обвиниенја неделава ако се знае дека тој е обвинето уште во неколку случаи:  „Тенк“ (набавка на „мерцедес“), „ТНТ“ (уривање на „Космос“) „Траекторија“ (изградба на автопат), „Титаник“ (изборни измами). Неговиот братучед и поранешен директор на Упрата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е осомничен во случаите „Трезор“ (набавка на опрема за Петтата управа) „Тортура“ (апсењето на Љубе Бошкоски) „Таргет“ (незаконско следење на комуникациите) и „Тврдина“ (уништување на системите преку кои незаконски се прислушкувало).

„Таргет“ дефинитивно со обвинение: братучедот не е спасен

Случајот „Таргет“ во чиј што рамки се истражуваше кој го нарача масовното присушување на граѓани од тајната полиција, оваа ќе  недела доживее обвинение чијшто „предводник“ ќе биде токму Сашо Мијалков.

Во времето додека се одвиваше прислушувањето на повеќе од 20,000 граѓани во рамки на неколку години во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Мијалков беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, додека Груевски беше премиер. Специјалното јавно обвинителство утврди дека Груевски не бил таргет, а го има единствено во разговорите со другите луѓе кои биле следени.

Кои луѓе биле таргет на политичкиот врв

Бинзисмени, новинари, политичари, неистомисленици, директори на јавни претпријатија, лекари, уметници, но и сомнежи за следење амбасадори, па дури и љубовници и сопруги, ова се само мал дел профилите на луѓето кои што беа прислушуни од власта. Обвинителката Ленче Ристовска кон крајот на ноември соопшти со сигурност биле следени министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Екс-министерката Гордана Јанкуловска била прислушувана 732 дена незаконски, а екс-министерот Миле Јанакиески, кој поседувал неколку броеви, бил следен 732 дена на едниот, 553 на вториот, додека 816 дена на третиот број.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил следен најмалку 338 денови на едниот број и 867 денови на другиот свој број. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и на едниот и на другиот телефонски број бил следен 1257 денови.

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, на едниот бил следен 320 дена, а на другиот број 92 дена. Муса Џафери од ДУИ бил следен 1658 денови и слично.

Новинарот Борјан Јовановски бил следен и на двата свои телефонски броеви кои ги користел. Од 31.02.2010 до 10.01.2013 година е следен на едниот број додека од 25.12.2012 до 10.03.2015 е следен на другиот број кој го користел.

Новинарката Сашка Цветковска била следена од 10 фебруари 2014 до 15 март 2015 година, вкупно 183 дена во тој период.

Комуникациите на новинарката Мери Јордановска биле следени од 15 февруари 2014 до 15 март 2015 година, додека телефонот на Горан Михајловски, уредник на сајтот „Сакам да кажам“ бил следен од 01.02.2013 до 10.03.2015 година.

Следени биле уште десетици други новинари, а повеќето од нив веќе поднеле тужби преку адвокатот Филип Медарски.

СЈО во октомври објави дека постои основано сомнение за 10 лица вработени во УБК кои преку злоупотреба на системите за следење на комуникациите незаконски прислушувале и ги повредиле основните човекови права и слободи на граѓаните.

Ова обвинение на Суд ќе изведе највисоки функционери од  поранешната влада кои што  го нарачувале и изведувале и изведувале незаконското прислушување кое се одвивало во периодот од 2008-ма до 2015-та година./НоваТв

Слични содржини