Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека САД би можеле да ги ублажат санкциите воведени кон Русија, ако договорите за уредување на конфликтот во Украина се испочитуваат.

– Ние ќе ја процениме посветеноста на Русија и сепаратистите врз основа на нивните акции, а не на зборови, наведе Кери во писменото соопштение, мислејќи притоа на договорот постигнат денеска во Минск, чија цел е прекин на борбите на истокот на Украина.

– Како што веќе долго говориме, САД се подготвени да го разгледаат ублажувањето санкции кон Русија кога во целост ќе биде спроведен договорот од Минск од септември 2014, како и овој најновиот, наведе Кери.

Претходно и Белата куќа соопшти дека новиот мировен договор меѓу Русија и Украина би можел да биде значен чекор напред кон мирно решавање на украинскиот конфликт./МИА

Слични содржини