Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на ОН

од desk3

Македонскиот кандидат за иден Генерален Секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, падна на осмото место по денешниот петти круг на гласање во Советот за безбедност на ОН.

Керим на ова гласање од амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН добил шест позитивни поени и девет негативни поени.

kerim-glasanje-860x646

На првото место се уште е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор овој пат е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ, а на трето место е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек.

Керим падна за четири позиции, од последното гласање на 9 септември кога беше на четвртото место.

 

МЕТА

Слични содржини