Ким Кардашијан ограбена под закана со оружје

од desk2

Ким Кардашијан била ограбена под закана со оружје во нејзиниот апартман во Париз, ова утро. Портпаролот на 35-годишната реалити ѕвезда Ина Трециокас изјавува за “DailyMail”:

“Ким Кардашијан беше задржана под закана со оружје во нејзината соба во хотелот во Париз оваа вечер, од страна на двајца вооружани мажи кои беа маскирани како полицајци. Таа е многу потресена, но физички не е повредена.”3909cdf900000578-3818985-image-m-112_1475464890458

Несреќниот настан, најверојатно се случил помеѓу 03:00 и 04:00 часот изутринава. Наводно, украдени се милиони долари во накит од “The Ritz Hotel”, изјавува “Good Morning Britain”.

Подетални информации за инциденот во моментов нема, но истрагата продолжува.3909b2f400000578-3818985-image-m-128_1475466101772

Нејзините деца(3-годишната Норт и 9-месечниот Сент), не биле вклучени во инцидентот. Ким моментално престојува во Париз заради модната недела и таа претходно беше забележана во сите први редови на модните ревии, заедно со нејзината сестра Кортни и мајка им Крис.390b863f00000578-3818985-image-m-93_1475460892294

Кратко по инцидентот, нејзиниот сопруг Канје Вест го прекина неговиот концерт на фестивалот “Meadows” во Квинс, Њујорк во неделата поради итен семеен случај. 39-годишниот рапер ги шокираше неговите фанови кога нагло го прекина настапот и си замина од сцената, откако асистентот му ја соопшти веста.

Слични содржини