Кинескиот јуан од денес е официјална резервна валута

од Vladimir Zorba

Кинескиот јуан официјално од денеска се приклучува кон доларот, еврото, јапонскиот јен и британската фунта во својство на светски резервни валути. Ова е исклучително важен момент во кампањата на Пекинг за поголемо влијание на светската сцена, информира “Ројтерс”.

zx450y250_2835872

Јуанот влегува во кошницата на резервни валути на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на денот кога се слави националниот празник на земјата – создавање на Кинеската народна република во 1949 година.

Не се очекува стапката да влијае на пазарите, бидејќи беше прогласена минатата година, но ќе ја стави не особено проѕирната економска и монетарна политика на Пекинг во светлината на меѓународните рефлектори, бидејќи централните банки ќе додаваат средства во јуани кон официјалните резерви.

Кина ги изненади пазарите кога ја девалвира својата валута минатата година и оттогаш курсот на јуанот се намали до скоро 6-годишен минимум, што е уште една причина за загриженост во врска со и без тоа слабата светски раст.

Некои набљудувачи стравуваат дека обврските на Пекинг за реформи во финансискиот сектор и за поголемо отворање на пазарот ќе бидат напуштени по дипломатскиот успех на Пекинг.

Слични содржини