Анкетната комисија за прислушувањето денеска треба да ја продолжи првата седница, која пред два дена беше прекината откако пратениците од владејачките партии побараа координација за усогласување на деловникот за работа.

download (16)

Се очекува членовите на Анкетната комисија денеска да го изгласаат деловникот за работа, што е и единствена точка на дневен ред на оваа седница.

На првата седница одржана пред два дена требаше да се донесе деловникот за работа, но членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ одбија да расправаат за него, затоа што, како што рекоа, не им бил испратен на службен меил и не можеле да го разгледаат. Затоа побараа да се одложи седницата. Заменик- претседателот на комисијата Горан Мисовски реагираше обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја опструира работата на комисијата.

По еден ипол час препукување, претседателот на комисијата Петре Шилегов реши да ја прекине седницата.

Слични содржини