Клоп: Салах беше феноменален, одигравме фантастични 80 минути

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна по успехот над Рома со 5:2 во првиот 1/2-финален меч од Лигата на Шампионите дека неговиот тим бил совршен во 80 минути од натпреварот, но негодува против опуштањето во последните 10, кога гостите постигнаа два гола .

Тимот од „Енфилд“ поведе со 5:0 против „волците“ во синоќешниот натпревар и го порази тимот по сите показатели, но доби два доцни гола и на крајот се најде во ситуацијата на Барселона од 1/4-финалето, кога италијанскиот тим ги елиминираше каталонците .

„Се претставивме совршено во текот на 80 минути. Пеналот не беше пенал, но тоа е ситуацијата. Наместо да ги победиме со 5:0, ние ги победивме со 5: 2. Ќе бевме задоволни да не примевме гол или да примевме еден. Сепак и овој резултат кој го постигнавме, дефинитивно не е воопшто лош и не прави фаворити за пласман во финалето. Сепак, треба да одиграме многу паметно на реваншот во Рим“, објави Клоп на пресконференцијата по натпреварот.

„Одиме во Италија за нова победа. Мислам дека можевме да постигнеме доста повеќе од петте гола кои ги дадовме против Рома. Игравме одличен фудбал и нема како да бидам незадоволен од претставувањето на моите момци”.

„Да, на крајот, направивме мала грешка во одбраната, но сè е во наши раце и постигнавме одличен резултат“.

„Салах? Тој е во исклучителна форма. Во оваа состојба во која се наоѓа, е речиси невозможно за дефанзивците да го запрат“.

Слични содржини