“Оваа среда на 10 јуни, комесарот Хан ќе се сретне со лидерите на политичките партии на ПЈР Македонија тука во Брисел за да продолжат разговорите за изнаоѓање на решение за актуелната политичка криза во земјата. Вие ја видовте неговата изјава од петокот, која за нас е појаснување и е многу јасна. Нашата позиција за последните избори која ги одржа земјата е онаа на ОБСЕ и ние сега се подготвуваме за состанокот во среда. Веруваме дека разрешувањето на политичката криза е битно за земјата и ЕУ има за цел да помогне” -изјави денеска портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич на новинарско прашање во врска со претстојната средба на македонските политички лидери во Брисел.

Според Коцијанциќ, тие очекуваат сите лидери да дојдат на средбата во Брисел и не сакаше да појасни дали Заев го потврдил присуството на состанокот.

“Како што кажав, ние очекуваме сите лидри на учествуваат на овиаа средба, и е многу важно да учествуваат.Кога станува збор за овие проблеми, комесарот Хан стави дознаење дека за некои прашања се дискутирало минатата недела , но дека има бројни прашања за кои треба да се разговара понатаму и ние очекуваме дека тоа ќе се случи во среда”

Слични содржини