Конечно секирата е закопана: Бранџелина дојде до примирје

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли и Бред Пит конечно стигнаа до примирје и се согласија да го продолжат бракоразводниот процес апсолутно доверливо, соопштува Daily Mail.

Изданието тврди дека холивудските ѕвезди потпишале договор, кој ќе ги обезбеди правата на приватност на нивните деца и на целото семејство.

“Родителите се решени да дејствуваат на еден фронт, за да постигнат обновување на односите”, пишува во финалето на официјалното соопштение.

53-годишниот Пит има можност да ги посетува децата засега само под надзор на специјалист.

Весникот забележува уште дека приватните судења често  ги задржуваат деталите околу разделбата на познати личности далеку од јавноста, барем додека двете страни не постигнат договор.

Тоа ќе се постигне со помош на обезбедувањето на доверливоста на сите судски документи, како со помош на судот ќе бидат решени преостанатите проблеми. Барањето беше иницирано од Бред Пит.

Двајцата со Џоли почнаа тежок бракоразводен процес кој не беше поврзан со имотите кои ги поседуваат, туку со начинот на одгледување на нивните шест деца – три биолошки и три посвоени.

Токму скандал со едното од нив на палубата на приватен авион се смета за почетокот на крахот на нивните односи.

Формално актерката се бранеше со огромни контроверзии со Пит и побара да ѝ биде предадено целосно старателство при одгледувањето на децата. Таа исто така го обвини својот сопруг за употребата на дрога и опојни супстанции.

Од своја страна Пит го отфрли обвинението и инсистираше на тоа дека има право да земе целосно учество во одгледувањето на наследниците.

Слични содржини