Коневски: Долно Лисиче ќе добие градинка и спортска сала

од desk2

-Од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска ги промовираме проектите што ги предвидовме во програматa за Долно Лисиче.Двата позначајни проекти меѓу нив се изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче и нова детска градинка. – најави денес кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Конески.

Конески додаде дека со изградбата на спортска сала ќе се обезбедат услови за спорт за учениците од основното училиште во Долно Лисиче, додека со изградбата на новата градинка ќе се зголеми капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст во Долно Лисиче.

-Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да ги поддржат кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овие, туку и други проекти предвидени во изборната програма. – рече Конески.

Слични содржини