Концерт во чест на диригентот Саша Николовски Ѓумар во Македонската филхармонија

од Vladimir Zorba

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија вечер од 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во чест на својот долгогодишен диригент и уметнички раководител Саша Николовски Ѓумар (1966-2017).

Оркестарот од 20 млади музичари ќе го води Дијана Имери-Илкоска. Солист на Концертот бр. 4 за пијано и оркестар од Бетовен ќе биде пијанистот Дино Имери. На програмата се и Адаџо од Бах и Мала ноќна музика од Моцарт, а ќе има и изненадување за публиката.

Слични содржини