Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови и нема да ја кометира денешната изјава на амбасадорите, кои ги повикаа двете најголеми политички партии да се држат до своите обврски од Договорот во Пржино, изјави за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

Ivo-Kotevski

– Не би ја коментирале изјавата на амбасадорите. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и досега повеќепати ги соопштивме. Конечната цел е граѓаните во април да го дадат својот глас за политиката што ја поддржуваат – вели Котевски.

 

МЕТА

Слични содржини