Европската Комисија го поздрави исходот на денешната лидерска средба на која шефовите на четирите најголеми партии во Македонија се обврзуваат да го почитуваат договоро од 2 јуни и да ги продолжат разговорите на 29 јуни за изнаоѓање решение за излез од политичката криза.

The inauguration of the Berlaymont Building, headquarters of the European Commission .

Брисел истовремено го објави и експертскиот извештај на Рајнхард Прибе, кој му беше предаден на Фатмир Бесими на 17 јуни.

Овој извештај содржи многу сериозни критики за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање, која имала директен пристап до комуникациите на граѓаните без сериозна контрола од институциите ни потеба од судски налог.

Објавен е денеска и долг список препораки до македонските власти и институциите за справување со системските слабости на државата. Во тие препораки се содржани реформи на судството, изборниот систем, барање за ревидирање или укинување на законот за лустрација, реформа на МРТВ, спроведување на судскиоте одлуки од Судот во Стразбур, и многу други.

Извештајот, препораките и договорот од 2 јуни можат да се најдат на сајтот на Европската Комисија и се достапни на сите граѓани на англиски јазик.

Извор: МЕТА

Слични содржини