Кралот и кралицата на Белгија биле евакуирани од Брисел, пренесе ТАСС, повикувајќи се на белгиската телевизија Ер Те Бе Еф.

kral

Кралот Филип и кралицата Матилда се евакуирани од својата палата во Брисел во врска со терористичките напади во белгиската престолнина, објави телевизијата.
Експлозии ги потресоа аеродром “Завентем” и метро станица “Малбек” во белгиската престолнина Брисел. Белгиските власти потврдија за 26 убиени и 136 повредени при координираните терористички напади. При нападот на аеродромот “Завентем” загинаа 11 лица, 81 биле повредени. Во експлозијата во метро станица “Малбек” загинаа 15 лица, повредени се 55, а многу од нив се во критична состојба.

Слични содржини