Кремљ ги очекува имињата на виновниците за убиството на рускиот амбасадор

од desk3

Кремљ смета дека групата која го истражува убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, „порано или подоцна“ ќе ги открие виновниците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ТАСС.

Песков повика да не се избрзува со претпоставки и заклучоци за виновниците за убиството на Карлов, туку да се почекаат резултатите од работата на заедничката турско-руска истражна група, која вчера почна со работа.

Тој одби да даде коментар за различните шпекулации во врска со убиството на Карлов, вкучително и за тоа дека зад трагедијата можно е да стојат специјални странски служби.

Амбасадорот на Русија беше застрелан на 19 декември, за време на отворање на изложба на фотографии во галерија во Анкара.

Напаѓачот е ликвидиран од страна на силите за безбедност.

Во пукотницата беа повредени три лица.

Руското Министерство за надворешни работи убиството на амбасадорот го оцени како терористички напад, а рускиот Истражен комитет покрена кривична постапка за „акт на меѓународен тероризам“./MИА

Слични содржини