Крис Хемсворт се плаши од Шарлиз Терон

од Vladimir Zorba

33-годишниот актер Крис Хемсворт призна дека колешката Шарлиз Терон го плаши нездраво многу … со интелектот и вештините. “Таа ме плаши ужасно многу и мислам дека може да ги победи сите негативци на светот. Таа е вистинско олицетворение на силата и благородноста, и достоинството, и интегритетот”, ја коментира Хемсворт русокосата убавица во интервју за списанието W, во врска со идејата Терон да стане следниот Џејмс Бонд.

“Таа е ѓаволски паметна. Физички способна. Работевме заедно со неа во ” Снежана и ловецот “. Да ја гледаш како ги снима сите борбени сцени, истовремено балансирајќи се на високи потпетици и фустан долг 2,4 метри, дефинитивно беше импресивно”, изјави актерот со восхит кон Терон.

Слични содржини