Лекарот на Трамп објасни колку е здрав кандидат за претседател на САД

од Vladimir Zorba

Медицинската белешка содржи информации за нивото на холестерол и крвниот притисок

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба според лекарот му д-р Харолд Борнстајн, пренесе Франс прес, цитиран од агенциите.Медицинската белешка, изготвена од Борнстајн и претставена од изборниот штаб на Трамп, содржи информации за нивото на холестерол и крвниот притисок.Во неа се вели дека последната му колоноскопија, направена во јули 2013 година, била нормална, исто како белодробните  проучување од април 2016 година и електрокардиограмот од декември 2014 година “со два збора, г-дин Трамп е во одлична здравствена состојба”, пишува лекарот . Информациите за здравствената состојба на Трамп се појавија  неколку часа откако лекарка на неговата соперничка Хилари Клинтон соопшти дека пациентката и е во добра здравствена состојба и физички достојна за претседател на САД. Здравствената состојба на двајцата кандидати за Белата куќа го  грабна вниманието на јавноста, откако во неделата стана јасно дека Клинтон е болна или  како велат слабсот од пневмонија.

Слични содржини