Братучедот на премиерот Груевски – Сашо Мијалков, си поднесе оставка од функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на 12 мај оваа година, на два дена после случувањата во Куманово, односно на пет дена пред масовниот анти-владин протест кој се организираше по многуте објавени опозициски „бомби“ од прислушкувани разговори во кои тој беше во една од главните улоги пишува Либертас.Од тогаш единствената функција која ја извршува Мијалков е таа на член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, Либертас   објавува  фотокопија од дипломатски пасош кој му бил издаден на Мијалков пред три дена, во вторникот на 29 септември 2015  од страна на Министерството за надворешни работи. Пасошот е со важност до 28 септември 2020 година, а интересно е дека како функција на носителот на пасошот е наведено – ЕКСПЕРТ!

Mijalkov diplomatski pasos ekspert

Не е познато за каков експерт се работи, пишува ексклсузивно порталот Либерас, а во продолжение ги објавува членовите 9 и 10 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија од кој јасно се гледа кој може да поседува дипломатски пасош:

Член 9

Дипломатскиот и службениот пасош се исправи кои се издаваат на носител на јавна функција, државен службеник и работник во државните органи, заради патување во странство и обезбедување на нивна заштита при извршување на службените задачи, во согласност со меѓународното право. Дипломатскиот и службениот пасош може да се користи само ако има виза. Дипломатскиот и службениот пасош се сопственост на Република Македонија.

Член 10

Дипломатски пасош им се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на државни службеници во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство; на државни службеници на Министерството за надворешни работи кои извршуваат дипломатско- конзуларни работи и задачи и имаат дипломатски статус; на воени претставници на Република Македонија во странство кои имаат дипломатски статус; на лица кои со одлука на Владата на Република Македонија заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации, како и на дипломатски курири. Дипломатски пасош може да им се издаде и на членовите на потесното семејство на лицата од ставот 1 на овој член, кога истите живеат со нив во заедничко домаќинство во странство во времето на дипломатската мисија.

Либертас

Слични содржини