Љубомората на Џони Деп го чинела бракот со Амбер Херд

од Vladimir Zorba

Џони Деп се развел со Амбер Херд поради “премногу провокативна” улога во филм, тврди во барање против неа. Актерката е осудена од продуцентите на сè уште неиздадениот нејзин филм London Fields, бидејќи одбила категорично да го промовира и излажала дека не дала никогаш согласност да се соблекува пред камерата.

Според филмските шефови Амбер била поттикната да го стори тоа од премногу “љубоморниот” сопруг Џони Деп.

“Некоректното однесување на Херд … може да е резултат, барем делумно, на турбулентните нејзини односи со г-дин Деп кои траеја за време на снимањето на London Fields … провокативната улога на Херд како фатална жена во филмот беше фактор, кој доведе до разводот со Деп “, тврдат продуцентите во тужбата.

Според “Њујорк пост” во почетокот на актерката ѝ се допаднал резултатот од разголените сцени, но потоа покажала радикално различно мислење “очигледно под притисок на Деп”.

Претходно адвокатите на Херд го осудија филмот “како комплетно ѓубре” и го обвинија продуцентот Кристофер Ханли и жена му Роберта дека користеле двојничка на Херд, за да снимат “конкретна порнографска сцена”.

Слични содржини