Луксузната лимузина на струшкиот градоначалник сеуште ја бранува јавноста

од desk2

Лимузината која струшкиот градоначалник ја нарача пред некој ден сеуште ја дрма јавноста. Иако негираше дека е ултрамодерна и скапа, автомобилските салони кои ги исконтактиравме велат да станува збор за возило со атрактивна цена која крајно ќе ја издиктира марката на автомобилот, пренесува тв24.

Судејќи по нарачаните спецификации велат дека белиот седан е и тоа како луксузен, а посебните желби за ентериерот ќе ја зголемат примарната цена за неколку илјади евра. Скапо ќе чинат и барањата заа белата боја, кожните седишта, најсовремените сензори за дожд, воланот на гласовни команди и интернетот во него. За лимузината и трите поскромни возила и покрај критиките во јавноста Мерко е решен на 12 март да искешира околу 100 илјади евра општински пари затоа што возилата биле неопходни. Но, советникот Имер Имер од опозициската Алијанса, вели дека Мерко лаже за да троши народни пари за личен луксуз, во време кога градот е во финансиска дупка.

„По тоа што го гледам во јавните набавки, тоа е прескап автомобил. Ова што се вози и ова е луксуз, пасат. Треба некој автомопбил, но не луксуз.“ – вели Имер Имери советник во Општина Струга.

Од општина Струга пак и понатаму уверуваат дека набавката е за да се заштедат пари оти претходната власт само за одржување на старите возила трошела 150 илјади евра годишно, а ги оставила во бедна состојба и тотално нефункционални.

„Поради тоа што претходната власт неекономски управувала со возила во сопственост на Општина Струга довело до нивна многу лоша состојба и нефункционалност. Донесовме одлука сите шест возила преку јавна набавка да се продадат и во исто време новата набавка да му помогне на буџетот да не се трошат големи суми за одржување на возилата а која сума достигнуваше до 150.000 евра годишно”. – велат од Општина Струга.

Но, во исклучително полоша состојба се градските камиони за смет, а не се менуваат реплицира Имери кој повикува обвинителството да испита дали се вистина обвинувањата на општинарите.

Инаку, атрактивната нарачка на луксузната лимузина се прави во време кога долгот на Струга е околу 7 ипол милиони евра, проблемот со депонијата е сеуште акутелен, а градот нема чиста вода за пиење.

Слични содржини